Претседателот на Чеченија го прогласи Ходорковски за свој личен непријател

Претседателот на Чеченија смета дека со овој повик Ходорковски самиот се „прогласи за непријател на сите муслимани во светот“. „Тоа значи дека тој е и мој личен непријател“, додаде Кадиров.

Претседателот на Чеченската Република Рамзан Кадиров го осуди поранешниот директор на компанијата „Јукос“ Михаил Ходорковски поради неговот повик сите весници во светот да ги објават карикатурите на пророкот Мухамед по терористичкиот напад на редакцијата на весникот "Charlie Hebdo".

„По крвавите напади во Париз тој си замислува дека е поголем Француз дури и од претседателот на Франција и премиерот на земјата. Додека француските власти се занимаваат со истрага и преземаат мерки за да го спречат растот на незадоволството, Ходорковски бара сите новинари на светот да го повторат тоа што го направи парискиот неделник и да ги објават карикатурите“, напиша Кадиров на својот профил на Инстаграм.

Претседателот на Чеченија смета дека со овој повик Ходорковски самиот се „прогласи за непријател на сите муслимани во светот“. „Тоа значи дека тој е и мој личен непријател“, додаде Кадиров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња