Могерини забележа „позитивни сигнали“ од Русија околу украинскиот конфликт

Освен тоа, Могерини додаде дека од руска страна се забележливи нови приоди во решавањето на украинската криза.

Шефот на дипломатијата на Европската унија Федерика Могерини изјави дека ограничувањата кои се воведени против Русија довеле до позитивни чекори на Москва околу прашањето за кризата во Украина, пренесува Ројтерс.

„Гледам одредени позитивни сигнали од страна на Русија“, изјави Могерини за време на конференцијата за печатот во Литванија.

Освен тоа, Могерини додаде дека од руска страна се забележливи нови приоди во решавањето на украинската криза.

Претходно германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека решението за укинување на санкциите против Русија ќе зависи од исполнувањето на минските протоколи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.