Шефот на Министерството за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во телефонски разговор со својот француски колега Лоран Фабиус изрази сочувство поради нападот на редакцијата на Charlie Hedbo, кој се случи завчера во центарот на Париз.
„Министрите се согласуваат дека трагедијата ја потврдува потребата од понатамошни заеднички напори во борбата против терористичките закани“, се кажува во соопштение на Министерството за надворешни работи на Русија.
Претходно шефот на Комитетот за меѓународни прашања во Думата Алексеј Пушков изјави дека Франција и Русија треба да ги решаваат прашањата и да започнат со соработка околу борбата против тероризмот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче