Припадниците на стратешките сили на Русија ќе добијат нови комплекси за тренирање

Андреев подвлече дека мотивот за подготовка на овие единици доаѓа од отсуството на можности за користење на оваа техника во учебни цели.

Припадниците на единиците на ракетните војски за стратешка намена во 2015 година ќе добијат 20% повеќе комплекси за тренирање на кои ќе можат да ги вежбаат способностите на современите ракетни комплекси, изјави Дмитриј Андреев, претставник на Министерството за одбрана.

Графикон: ЈАРС

Андреев подвлече дека мотивот за подготовка на овие единици доаѓа од отсуството на можности за користење на оваа техника во учебни цели.

„Во 2015 година единиците на Ракетните сили за стратешка намена ќе добијат околу 150 нови комплекси за тренинг. Тоа е за 20% повеќе од годинава. Ракетните сили и понатаму ќе добиваат нови системи за тренинг. До 2020 година Ракетните сили за стратешка намена ќе добијат околу 1.000 системи за тренинг“, забележа Андреев.

Овие системи во својата основа го земаат новиот комплекс „Јарс“. „Благодарејќи на овие системи, секоја единица може да заштеди повеќе од 150.000 литри гориво годишно. Ракетните војски за стратешка намена до 2020 година ќе заштедат повеќе од четири милиони литри дизел гориво за ракетните комплекси“, појасни претставникот на Министерството за одбрана. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.