Сегашната политика на западните држави ја турка Русија кон зближување со Кина, изјави американскиот философ и публицист Ноам Чомски во интервју за RT.
„Западот не може да ја изолира Русија, но може да ѝ причини сериозна штета... Но поверојатно е дека Западот само ја турка Русија кон Исток кон поблиски односи со Кина“, изјави научникот.
И покрај поранешното непријателство меѓу Русија и Кина, тие две држави имаат заеднички интереси, а во услови на санкции и притисок, Русија практично е принудена да се движи по патот на потесни односи со Кина, смета Чомски.
Според мислењето на Чомски, санкциите на САД кон Русија мотивираат јакнење на улогата на Шангајската организација за соработка, која може сериозно да излегува и во други региони - Турција, а потоа и во државите на Западна Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче