Медиуми: „Актот за поддршка на Украина“ претставува ескалација во односите меѓу САД и Русија

Новинарот на Global Times Клифорд Киракоф изјави дека политиката на САД кон Украина ја продлабочува линијата на геополитички судир со Русија.

Потпишаниот „Акт за поддршка на слободата на Украина“ од страна на претседателот на САД Барак Обама може да ги наруши односите меѓу Русија и САД во текот на многу години однапред, пишува изданието Global Times.

„Независно од тоа како овој провокациски и непотребен закон ќе биде реализиран, тој ќе им наштети на нормалните руско-американски односи“, се кажува во статијата.

Не е тајна, пишува изданието, дека во последните неколку години влијателни американски кругови се стремеа не само да извршат влијание врз Русија, туку и да ја изолираат и блокираат со дипломатски, воени, економски, политички и информативни средства.

Во моментов политиката на САД кон Украина ја продолжува линијата на геополитички судир со Русија.

Украинската криза, создадена и финансирана од Западот, ѝ дава на трансатлантската политичка и финансиска олигархија изговор за проширување и зацврстување на НАТО, забележува новинарот Клифорд Киракоф, подвлекувајќи дека и покрај тоа што многу критичари го сметаат НАТО за архаизирана организација, таа продолжува да биде основен механизам за обезбедување и почитување на т.н. „западен систем на вредности“ на глобално ниво.

Сепак, во ЕУ се појавуваат несогласувања меѓу оние кои ја поддржуваат агресивната глобална улога на НАТО против Русија, и оние кои се против провокациската политика насочена кон изолација на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња