Директорот на националната разузнавачка служба на САД изјави дека Русија е извор на „кибер опасност“

Директорот на националната разузнавачка служба на САД Џејмс Клепер ги повика компаниите во САД „да ги затворат дупките“ во својот софтвер и бази на податоци за да се заштита од можните напади од странство.

Директорот на националната разузнавачка служба на САД Џејмс Клепер изјави во средата дека САД ја сметаат за реална опасноста од „кибер напади од РУсија“.

Во случај да дојде до конфликт меѓу САД и Русија, „одреден дел од критички важната инфраструктура на САД ќе биде под опасност“, изјави Клепер за време на говорот на конференцијата за кибер безбедност ICCS во Њујорк. Според неговите зборови, „опасноста од Русија е посебно сериозна“.

Тој исто така го повика приватниот сектор во САД „да ги затвори дупките“ во својот софтвер и базите на податоци за да се заштити од можните напади од странство.

Хакерите од Русија и Кина се сметаат за „посебно опасни“ во САД.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња