Британски политиколог: Смешно е да се помисли дека Европа може да ѝ се закани на Русија

Лафленд ја потенцира изјавата на Франсоа Оланд за тоа дека санкциите против Русија треба да бидат укинати ако дојде до напредок во ситуацијата околу Украина.

Пред економски нестабилната Европа денес стојат многу поактуелни предизвици отколку конфронтацијата со Русија, изјави британскиот политоколот Џон Лафленд, директор на истражувачките програми во Институтот за демократија и соработка во Париз.

„Самата помисла дека луѓето кои направиле толку грешки, кои во сопствената политика постигнале само лоши резултати, а се обидуваат да ѝ се закануваат на Русија или на некоја друга земја - е неверојатно смешна“, смета политикологот. Според неговото мислење, големиот број проблеми во Европа можат да бидат фактор кој ќе влијае на попуштањето на притисокот меѓу Брисел и Москва, пренесува РИА „Новости“.

Лафленд ја потенцира изјавата на Франсоа Оланд за тоа дека санкциите против Русија треба да бидат укинати ако дојде до напредок во ситуацијата околу Украина.

„Мислам дека овие зборови значат дека Франција планира да преземе иницијатива во правец на деескалирање на притисокот, дека сака да се укинат санкциите, како и дека е заинтересирана да се реализира договорот околу ’Мистралите’, изјави британскиот политиколог, додавајќи: „Денес гледаме дека Франција започнува да презема релативно традиционална позиција во надворешната политика, обидувајќи се да иницира пријателски односи со Русија. Овие изјави на претседателот на Франција предизвикуваат оптимизам“, смета Лафленд. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.