Норвешки медиуми: Западот праќа непријателски сигнали кон Русија

Сигналите кои Западот ѝ ги праќа на Русија се отворено непријателски, смета колумнистот во норвешкиот весник Aftenposten Александар Ланге.

Сигналите кои Западот ѝ ги праќа на Русија се отворено непријателски, смета колумнистот во норвешкиот весник Aftenposten Александар Ланге. Според него, подготвеноста на НАТО да ги прифати во своите редови државите од Источна Европа тешко дека може да се интерпретира како стремеж за мирно решавање на конфликтот меѓу Русија и Западот.

Норвешките медиуми, според Ланге, се лицемерни кога изјавуваат за субјективниот однос на Русија кон кризата во Украина. Самиот публицист признава дека треба да се има сопствена гледна точка за она што се случува, да не се земаат здраво за готово позициите на Западот.

Според Ланге, сегашната влада на Украина има преголемо влијание од страна на националистите и се даваат „несомнено субјективни обвинувања“ кон Москва од страна премиерот на Украина Арсениј Јацењук. Не е за чудење што населението во Украина кое зборува на руски на истокот на земјата се насочува кон Русија, пишува норвешкиот колумнист. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња