Кинески аналитичар: Русија нема економски да колабира

Економски колапс на Русија нема да се случи, цените на нафтата повторно ќе пораснат до 70 долари за барел, смета кинескиот економист.

Пред нас го гледаме најсериозниот пад во руската економија во последните пет години, а може да дојде и до понатамошно влошување на ситуацијата. Но, треба да се напомне дека до колапс нема да дојде, тврди директорот на Институтот за светска економија при Кинескиот институт за современи меѓународни прашања Чен Фењин, чии коментари се објавени во весникот „Женмин Жибао“.

Економски колапс на Русија нема да се случи, цените на нафтата повторно ќе пораснат до 70 долари за барел, смета кинескиот економист.

Економистот е убеден дека моменталната ситуација во Русија се разликува од онаа во 1998 и 2008 година. Економските проблеми на Русија се предизвикани од надворешни фактори, а финансиската и економската ситуација во државата сѐ уште е стабилна. И не само тоа, Русија постигна и успеси во борбата против корупцијата во последните неколку години.

Освен тоа, како што додава Чен, Русија може да смета на поддршката од Кина.

Економистот е убеден дека падот на цените на нафтата нема да повлијае на руско-кинеската нафтена зделка. Не само тоа, новонастанатата ситуација ќе дозволи да се прошири просторот за соработка, бидејќи во следните две години Русија ќе чувствува финансиски проблеми, а со тоа ќе се појави потреба од дополнително привлекување на капитал за разработка и производство на енергенси на Далечниот Исток. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.