Die Zeit: Евроазиската унија и Европа треба да бидат отворени за соработка

Евроазиската унија не е закана за Западот и не е обид за воскреснување на СССР, пишува германскиот весник.
Евроазија развива сопствена економија

Евроазиската унија не е алтернативна на европската, колку што е показател за светските интеграциски процеси, пишува германскиот весник Die Zeit.

Русија, Белорусија и Казахстан на 29 мај во Астана потпишаа договор за создавање на Евроазиската економска унија. Овој договор стапи на сила на 1 јануари 2015 година. Создавањето на Евроазиската унија го подигнува нивото на соработка на учесничките во Царинската унија на ново ниво на интеграција. Ерменија го потпиша договорот за приклучување кон Евроазиската унија во октомври 2014 година, а документот веќе е ратификуван од страна на парламентите на Русија, Белорусија и Казахстан. Сепак, за новиот член е предвиден преоден период од една до осум години. Освен тоа, во 2015 година кон Евроазиската унија може да се приклучи и Киргистан, која го потпиша договорот за приклучување во декември 2014 година.

Тешко дека новата унија може да претендира да стане „нов СССР“ и да претставува опасност за Европската унија, пишува весникот. Уште од самиот почеток, Евроазиската економска унија е прогласена како уште еден елемент во глобалната безбедноста архитектура, проширување на пространството на интеграција од Лисабон до Курилите. Имено затоа членовите на двете унии не треба да се спротивставуваат еден на друг, туку да бараат патишта за партнерство и соработка, смета изданието. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.