Фабричките тестирања на новата фрегата „Адмирал Горшков“ ќе продолжат по новогодишните празници на полигоните на Балтичката флота, изјавено е на прес-службата на Западниот воен округ.
![]() |
Графикон: Руската морнарица |
Се планира изградба на вкупно 8 фрегати од овој проект. Една фрегата е завршена и спуштена на вода, а уште три се во изградба (сите наменети за Северната флота).
„По завршувањето на новогодишните и божиќните празници на морските полигони на Балтичката флота ќе продолжат фабричките тестирања на најновата фрегата од проектот 22350 ’Адмирал Горшков’“, се кажува во соопштението.
Изградбата на првиот брод од проектот 22350 започна на 1 февруари 2006 година.
Бродовите од овој проект имаат депласман од 4.500 тони, 135 метри должина и 15 метри ширина. Вооружени се со артилериски топови со калибар од 130 милиметри, 16 противбродски ракети „Оникс“ и ПВО „Полимент-Редут“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче