Претседателот на Франција Франсоа Оланд, за разлика од германската канцеларка Ангела Меркел, избра линија на намалување на притисокот во односите меѓу Европската унија и Русија, смета шефот на комитетот за меѓународни прашања во Думата Алексеј Пушков.
Претходно Оланд изјави дека санкциите на Западот против Русија треба да бидат укинати доколку се забележи прогрес околу украинското прашање.
„За разлика од Меркел, која веќе ја изгуби улогата на главен партнер на Москва во преговорите, Оланд избра линија на намалување на притисокот меѓу ЕУ и Русија“, напиша Пушков на својот профил на Твитер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче