Министерството за вонредни состојби на Русија ќе основа центар за безбедност на Северниот морски пат

Северниот морски пат е најкраток пат помеѓу Северна Европа и азиско-тихоокеанскиот регион.
Северниот морски пат

Министерството за вонредни состојби на Русија во Ненецкиот Автономен Округ ќе основа Центар за управување со кризните ситуации, со кој треба да се обезбеди безбедноста на Северниот морски пат, соопшти на 5-ти јануари министерот Владимир Пучков.

„Министерството за вонредни состојби на Русија ќе обезбеди за овој Центар софтверски програми и пристап до базите на податоци и вселенскиот мониторинг. Тоа ќе овозможи комплексно користење на ресурсите и ќе обезбеди повисоко ниво на безбедност на населението во регионот, како и поквалитетна реализација на сите економски и инфраструктурни проекти, вклучувајќи и функционирање на Северниот морски пат“, изјави министерот, сумирајќи ги резултатите од работната посета на Нарјан-Мар и средбата со губернаторот на регионот Игор Кошин.

Северниот морски пат е најкраток пат помеѓу Северна Европа и азиско-тихоокеанскиот регион. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.