![]() |
Легендите за Бајконур |
Лансирањата на руските ракети-носачи „Протон“ од космодромот „Бајконур“ ќе прекинат во 2025 година, пренесува Интерфакс.
Ова го изјави заменикот претседател на аерокосмичкиот комитет при Министерството за инвестиции и развој на Казахстан Еркин Шајмагамбетов.
„Се работи над плановите за намалување на бројот на лансирања на ракетите носачи „Протон-М“ од космодромот Бајконур. Понатамошните лансирања ќе се одвиваат од космодромите кои веќе постојат или се во изградба на територијата на Руската Федерација. Соодветно овие планови, планирано е лансирањата на овој вид ракети да завршат во 2025 година“, изјави Шајмагабетов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.