Handelsblatt: Санкциите против Русија како бумеранг ќе се вратат на Западот

Западните санкции на Русија ѝ нанесоа штета, но таа штета од нив многу брзо ќе се врати како бумеранг кон тие што ги воведоа, пишува угледниот германски финансиски весник "Handelsblatt".

Западните санкции на Русија ѝ нанесоа штета, но таа штета од нив многу брзо ќе се врати како бумеранг кон тие што ги воведоа, пишува угледниот германски финансиски весник "Handelsblatt".

„Финансиската криза нас не научи колку бргу проблемите од еден дел на системот можат да се прошират на друг“, истакнува германскиот весник, додавајќи дека економските проблеми на Русија влијаат на целиот свет. Според весникот, по православниот Божиќ ќе порасне притисокот врз финансискиот систем на Русија. Меѓу другото, поради санкциите државата ќе мора да даде помош на банките. Во тој контекст речиси автоматски се поставува прашањето колку е „заразен“ рускиот „финансиски грип“, пишува "Handelsblat".

Кризата би можела да се прошири и на другите земји и нивните валути, како што тоа се случи за време на кризата во 1998 година, смета германскиот новинар. Меѓутоа, весникот додава дека постои една голема разлика меѓу тогашната и сегашната ситуација. Русија денес има значајни девизни резерви, едни од најголемите во светот. Освен тоа, во 1998 година Москва зависеше од странските кредити, често со кратки рокови на отплата, додека денес надворешниот долг на Русија е значително помал. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.