Излегувањето на Украина од блоковскиот неутралитет, политиката на Европа и новата воена доктрина на Русија - прикажуваат надолна линија во односите меѓу Русија и Западот, пишува италијанскиот пратеник, експерт за меѓународни трговски односи Дарио Риволта во својата статија за Notizie Geopolitiche.
„Решението на Украина да го продолжи својот пат кон НАТО, како и новата воена доктрина на Русија - претставуваат чекор наназад за најмалку 20 години... со тоа ние се враќаме кон проблемот за кој сметавме дека веќе е решен“, пишува Дарио Риволта.
Ниту Русија, ниту САД денес немаат намера да започнат вистинска војна, пишува Риволта. Но, за жал, како што забележува авторот, познато е дека „меѓународната политика често користи блефови и демонстрација на сила“. Историјата потврдува дека ситуацијата може да излезе од контрола против волјата на учесниците, продолжува Риволта. Политичките и економските проблеми меѓу претседателот на САД Барак Обама и претседателот на Русија Владимир Путин, од една страна, служат како балансирачки фактор за да се спречи понатамошна ескалација, а од друга страна - можат да доведат до непредвидени последици, смета експертот.
Европа, според мислењето на авторот на статијата, останува само набљудувач и плашлив соучесник кој се потчинува на туѓите барања, а со тоа ги влошува односите со Русија.
Останува само да се надеваме, заклучува експертот, дека ќе се појави некој нов Кисинџер, кој ќе знае што е тоа политички реализам и ќе дејствува соодветно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче