Тешката состојба во украинската економија е последица на високите воени расходи на државата, намалувањето на извозот во Русија и проектите за изградба на „ѕид“ на границата со Русија, смета шефот на Комитетот за меѓународни прашања во Думата Алексеј Пушков. Ова мислење тој го изнесе на својот профил во Твитер.
Според мислењето на Пушков, политиката на премиерот на Украина Арсениј Јацењук доведе до тоа Украина повеќе да не биде интересна за западните инвеститори.
Во 2014 година компаниите Chevron и Royal Dutch Shell изјавија дека ги прекинуваат проектите за производство на гас од шкрилци на територијата на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче