Поранешниот претседател на Чешка: дестабилизација на ситуацијата во Русија не е во полза на Западот

Дестабилизација на ситуацијата во Русија не му одговара на Западот, изјави поранешниот претседател на Чешка Вацлав Клаус во интервју за телевизискиот канал Prima.

Дестабилизација на ситуацијата во Русија не му одговара на Западот, изјави поранешниот претседател на Чешка Вацлав Клаус во интервју за телевизискиот канал Prima.

„Западот и Америка, како и некои наши ’револуционерни’ групи се глупави кога зборуваат дека е во наш интерес да се дестабилизира Русија и да се создаде хаос во земјата. Доволно е тоа што е дестабилизирана Украина“, изјави Клаус.

Сегашната ситуација на меѓународната сцена поранешниот претседател ја смета за најголем геополитички прелом во последните 25 години и враќање кон нова студена војна.

Според мислењето на Клаус, Украина е една од најнеуспешните посткомунистички држави каде не е извршена никаква трансформација, па затоа државата едвај функционира, а бруто домашниот производ по жител остана на исто ниво како и пред 25 години, а згора на сѐ, државата е етнички разделена.

„Не сметам дека Украина војува со Русија, туку дека еден дел од Украина војува против друг дел“, изјави поранешниот претседател на Чешка. Тој смета дека неговите погледи се исти како и на сегашниот шеф на државата Милош Земан, кој ден претходно изјави дека смета дека во Украина во тек е граѓанска војна. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња