Рускиот претседател нема намера да го анектира истокот на Украина. Главна цел на Владимир Путин е да го спречи зачленувањето на Украина во НАТО, изјави претседателот на Франција Франсоа Оланд во интервју за француската радио-станица “France Inter”, а пренесува РИА Новости.
„Путин нема намера да го анектира истокот на Украина, тој лично тоа ми го кажа. Не можам да не му верувам. Но тоа не е Крим. Тој сака да го спречи зачленувањето на Украина во НАТО“, изјави Франсоа Оланд. Претседателот на Франција изјави дека Русија треба да го почитува територијалниот интегритет на Украина и да ја прекине „поддршката на сепаратистите“.
Оланд истакна дека Европа е заинтересирана за решавање на украинската криза, бидејќи антируските санкции негативно влијаат на европската економија. „Ако во Русија има криза, тоа не е добро и за Европа... Во случај да дојде до напредок во Украина, санкциите треба да се укинат. Но ако нема напредок, санкциите ќе останат“, изјави Оланд.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче