Москва е подготвена за подобрување на односите со Литванија

Русија е подготвена да ги нормализира односите со Литванија и да започне со изградба на конструктивни, добрососедски односи, но сѐ додека испадите од страна на официјален Вилнус кон Русија останат на ова ниво, можноста за подобрување на двостраните односи се мали, изјави во интервју за литванскиот весник „Република“ амбасадорот на Русија во Литванија Александар Удаљцов.

Русија е подготвена да започне со изградба на конструктивни, добрососедски односи со Литванија, но сѐ додека испадите од страна на официјален Вилнус кон Русија останат на ова ниво, можноста за подобрување на двостраните односи се мали, изјави во интервју за литванскиот весник „Република“ амбасадорот на Русија во Литванија Александар Удаљцов.

„Политиката на Москва кон Литванија останува иста: Русија е за рамноправна, конструктивна и предвидлива соработка со зачувување на добрососедските односи и почитување на интересите на двете држави“, забележа Удаљцов.

Според неговите зборови, подобрувањето на односите ќе помогне на двете држави, но засега властите во Литванија преземаат сосема спротивни чекори.

„Постојаните изјави на Вилнус против нашата држава и раководство... повиците да се засилат санкциите кон Москва и другите чекори не даваат сигнали дека Литванија се стреми да ги подобри односите“, изјави амбасадорот.

Според неговите зборови, се создава впечаток дека литванските власти во целост го поддржуваат Западот и неговата цел максимално да ѝ се наштети на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња