Медиуми: На Западот повеќе му одговара да соработува со Русија, отколку да гледа непријател во неа

Кинескиот весник, притоа, пишува и за тоа дека Пекинг со разбирање гледа на моменталните финансиски проблеми во Русија, како и дека кинеската влада е подготвена да понуди помош.

Западот ќе изгуби многу доколку продолжи да ја смета Русија за „непријател“. Проблемите во руската економија, кои станаа јасно видливи по падот на цените на енергенсите и воведувањето санкции, ќе се рефлектираат и на геополитичките противници на Москва, пишува кинескиот весник  South China Morning Post.

„Русија останува голем меѓународен играч, особено околу регулирањето на сириската криза и доаѓањето до решение за нуклеарната програма на Иран. Само со руска поддршка може да се дојде до мир во Украина. Западот не треба да ги смета економските проблеми на Русија за лична победа, туку напротив, западните држави треба да бараат можност да соработуваат со Русија за да постигнат стабилност во светот“, подвлекува кинескиот весник.

Весникот пишува за „подадената рака за смирување“ од страна на руските власти преку поканата на Кремљ упатена кон лидерите на државите на антихитлеровската коалиција за прослава на 70-годишнината од победата во Втората светска војна. Како што забележува весникот. 70-годишнината од завршувањето на Втората светска војна може да биде потсетник за тоа дека „Русија рамо до рамо се борела со своите западни сојузници против нацистичка Германија“ и сигнал за возобновување на конструктивната соработка.

Кинескиот весник, притоа, пишува и за тоа дека Пекинг со разбирање гледа на моменталните финансиски проблеми во Русија, како и дека кинеската влада е подготвена да понуди помош.

„Кине нема никаква причина за да се откаже од соработката со Русија: последиците од економските проблеми на Москва ќе ги почувствува и Пекинг, и целиот останат свет“, пишува кинескиот весник. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња