![]() |
Припејд гас за Украина |
Генералниот директор на „Гаспром“ Алексеј Милер изјави дека со почетокот на студовите веројатноста дека Украина ќе започне со недозволено преземање на руски гас од гасоводите е голема, пренесува агенцијата ТАСС.
Ова Милер го изјави за време на состанокот со премиерот на Русија Дмитриј Медведев. Премиерот, од друга страна, истакна дека Москва е заинтересирана Украина да биде нејзин сигурен партнер
„Но, тоа за кое вие зборувате, нѐ тера да размислуваме за тоа како ќе се развива ситуацијата, внимателно да следиме како се врши преземањето на гасот во Украина, и во случај да се појави потреба – да преземеме ефикасни мерки во зависност од потрошувачката и во склад со одлуките кои се донесени“, изјави Медведев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче