Историјата ништо не го научи Западот за односите кон Русија, и САД и ЕУ повторно ги повторуваат грешките кои требаше одамна да бидат научени и спречени од историјата, пишува Серџ Павлович, соработник во Универзитетот Алберта за канадското списание Edmonton Journal.
Светот живее во епоха на нова „студена војна“, и таа веќе ја покажа најстрашната лекција на меѓународната заедница: политиката го изгуби најважното својство - можноста да се регулираат конфликтите без на прво место да се покажат силата и економската надмоќ. За почетокот на новата студена војна сведочат недамнешните многубројни „обоени револуции“. Сите тие имаат по нешто заедничко: лошо планирање, нереалистични очекувања на активистите, отсуство на механизми за контрола, неостварени очекувања на населението и неисполнување на ветувањата од страна на западните влади, смета експертот.
Како што смета авторот, распадот на Украина сега е типичен пример за активната фаза на новата „студена војна“, која е уште позасилена од кризата меѓу односите на Русија и Западот.
Според мислењето на Павлович, грузискиот конфликт во 2008 година требало да послужи како еден од примерите за борбата меѓу Русија и САД за сферите на влијание. Од тој конфликт Западот требаше да разбере дека Русија ќе се заштитува за да го спречи ширењето на НАТО до своите граници, и не треба да се очекува од неа поинакво однесување за време на украинската криза.
Останува да се надеваме дека порано или подоцна западните политичари ќе се сетат на зборовите на поранешниот канцелар на Западна Германија Вили Бранд, кој сметаше дека не треба да се сметаат политичките противници за „непријатели“, туку треба со нив да се водат преговори, да се проба да се разберат нивните очекувања и стравови, додава експертот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче