Руската војска во 2015 ќе добие 10 нови системи за контрола на вселенскиот простор

Претходно беше соопштено дека до 2020 година Русија ќе изгради четири нови станици од системот за контрола на вселенскиот простор.

Русија во 2015 година ќе започне со изградба на нови радарски системи за контрола на вселенскиот простор во Московската и Калининградската област, како и во Алтајскиот и Примоскиот крај, изјави Алексеј Золотухин, претставник од Министерството за одбрана на Русија задолжен за силите на Воздушно-вселенската одбрана, а пренесува агенцијата ТАСС.

„Еден од приоритетните задачи на Воздушно-вселенската одбрана е подобрување на можноста за обработка на информации за состојбата на вселенскиот простор околу Земјата, со цел да се обезбеди безбедноста на активностите на Русија во вселената“, изјави Золотухин.

Според неговите податоци, во следните години се планира разместување на 10 вакви системи. „Во наредните години во низа руски региони се планира разместување на преку 10 ласерско-оптички и радарски системи од новата генерација, со кои значително треба да се подобри работата на системот за контрола на вселенскиот простор, како и да се намали минималната големина на вселенските објекти кои може да се следат“, изјави Золотухин.

Претходно беше соопштено дека до 2020 година Русија ќе изгради четири нови станици од системот за контрола на вселенскиот простор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња