Ескобар: Русија може „од корен“ да го потресе банкарскиот систем на Западот

Москва секогаш може да одговори на економскиот притисок од страна на САД и ЕУ, а притоа таа поседува инструменти кои се способни да нанесат сериозна штета на банкарскиот систем на Западот, смета политикологот.

Новата година ќе помине под знакот на евроазиската интеграција, додека САД во исто време ќе ги губат своите позиции на континентот. Притоа, притисокот на Западот врз Русија ќе продолжи, но и покрај тоа, Москва има во својот арсенал економски инструменти кои може да ги искористи, пишува политикологот Пепе Ескобар за агенцијата Sputnik.

Ескобар пишува за економските показатели на Русија и САД. Државниот долг на Москва изнесува 13,4% од БДП, додека долгот на Вашингтон изнесува 74% од БДП (според податоците за 2013 година). Буџетскиот дефицит на САД се наоѓа на ниво од 4%, додека во Русија тој показател е 0,5%.

Според мислењето на колумнистот, колебањата на курсот на руската валута се предизвикани не од фундаменталните показатели, туку се последица на „економски напад од САД и ЕУ“ и „нафтените деривати“. Проблемот за Западот се состои во тоа што финансирањето на руската економија е поповрзано со фундаменталните показатели, отколку американската, што ја прави руската економија поотпорна на стресови.

„Одбранбената стратегија на Москва воопшто не изгледа лошо. Во клучната сфера - енергетиката - проблемите повеќе се актуелни за Западот отколку за Русија. Ако ЕУ не сака да го купува тоа што го предлага ’Гаспром’, тогаш проблемите ќе бидат на европско тло“, смета новинарот.

Ескобар смета дека за решавање на тековните проблеми во руската економија треба да се намали зависноста на Русија од финансирање од страна на надворешните пазари. „Не треба да се заборава дека Русија секогаш може да воведе мораториум за исплата на надворешните обврски кои надминуваат 600 милијарди долари. Тоа од корен ќе го потресе банкарскиот систем на Западот“, смета новинарот. Според него, доколку се реализира таквото сценарио, благосостојбата во ЕУ и САД ќе почне „да се топи“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња