Западни медиуми: падот на цените на нафтата нема да ги „уништи државите извознички“

Силниот пат на цената на нафтата предизвика лавина од коментари и прогнози околу тоа како нафтената криза ќе влијае врз државите кои најмногу ја извезуваат.
Одлуката на ОПЕК влијаеше на руската економија

Силниот пат на цената на нафтата предизвика лавина од коментари и прогнози околу тоа како нафтената криза ќе влијае врз државите кои најмногу ја извезуваат. Некои аналитичари сметаат дека ниските цени на нафтата ќе ги направат лидерите на некои држави попустливи. Сепак, тоа не е сосема така: падот на цените на нафтата тешко дека ќе ги натера најголемите извозници на нафта да „се наведнат“ пред Вашингтон, пишува аналитичарот Пол Пилар за списанието The National Interest.

Глупаво е да се смета дека лидерите на државите како Русија, Иран и Венецуела ќе станат попустливи кон Вашингтон на штета на своите национални интереси, смета авторот.

Кои се првите резултати од падот на руската валута?

Американците, според мислењето на авторот, се навикнаа да сметаат дека секоја држава има граница на издржливост - т.е. ако државата постојано доживува економски и политички проблеми, тогаш режимот ќе стане попустлив. Сепак, што се однесува до Русија и Иран - ситуацијата воопшто не е таква.

Пилар смета дека грешката во таквата позиција се состои во тоа што очекувањата за попустливост од друга држава се базираат само на економскиот притисок, а тоа е само една страна на прашањето. Другата страна на прашањето е дали режимот врз кој е насочен притисокот е подготвен да отстапи за да ја подобри економската ситуација во државата. Ако самата држава има добри перспективи за подобрување со помош на сопствените сили, тогаш таа земја нема да има никаква желба да станува попустлива.

Весникот ги пренесува зборовите на министерот за надворешни работи на Русија Сереј Лавров, кој го коментираше падот на цените на нафтата: „Ние повеќепати сме се наоѓале и во полоши ситуации во нашата историја, и секогаш сме излегувале на крај со таквите тешкотии, сме станувале далеку посилни. Така ќе биде и овој пат“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња