Германските фирми се жалат на финансиски штети од санкциите против Русија

Повеќе од третина од фирмите во Германија во декември изјавиле дека губат проекти поради ситуацијата во Русија.

Значителен број германски фирми кои се занимаваат со бизнис во Русија ќе ги прекинат или паузираат своите проекти поради меѓународните санкции и падот на курсот на рубљата, пишува The Local.

Речиси 40% од 200 германски фирми, анкетирани од Германско-руската трговска комора, во декември изјавиле дека ќе ги укинат своите проекти поради ситуацијата во Русија. 58% изјавиле дека санкциите против Русија им нанеле штета. Сепак, како што соопшти Комората, само 3% од фирмите ја напуштиле Русија.

Освен тоа, 41% од германските фирми ги намалиле инвестициите во Русија, а 28% изјавиле дека планираат да отпуштат работници од Русија.

Весникот пишува дека од 1992 до сега повеќе од 600 германски компании започнале да работат во Русија, земја која е главен консумент на германските автомобили, фармацевтски производи и машини. Германија е трет најголем трговски партнер на Русија, веднаш по Кина и Холандија. 10% од сите германски компании извезуваат во Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња