Кон Русија позитивно гледаат далеку повеќе Срби, отколку кон ЕУ, покажуваат резултатите од анкетата, спроведена од компанијата Ipsos Strategic Marketing.
Според добиените податоци, 52% од Србите позитивно гледаат на Русија, додека само 32% го изјавиле истото за ЕУ, пренесува агенцијата DPA.
Сепак, за членство во ЕУ се изјасниле 54% од анкетираните, а 27% биле против. Повеќето анкетирани сметаат дека нивниот живот ќе стане подобар откако Србија ќе стане членка на ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.