Руско-индискиот сојуз, кој јасно се создаде по склучувањето на многу договори кон крајот на минатата година, станува еден од новите „камења“ од кои може да се „сопне“ новиот светски поредок, пишува Дебидет Оробинд Махапатра во својата статија за изданието Russia & India Report.
Минатата 2014 година беше содржајна во однос на зацврстувањето на руско-индиските билатерални односи, пишува авторот.
Еден од најзначајните моменти во соработката меѓу двете земји, според авторот, е стабилната позиција на Индија околу украинското прашање. Индија со разбирање и сочувство пристапува кон Русија околу ова прашање. Освен тоа, пишува Махапатра, Индија е против било какви санкции како начин за вршење притисок врз Москва.
На различните меѓународни форуми, на пример, форумите на БРИКС, Русија и Индија застапувале иста позиција и се залагале за мирно регулирање на украинскиот конфликт преку конструктивен дијалог меѓу двете страни. Кога во ООН беше иницирана резолуцијата околу Украина, Индија се воздржа од гласање. Освен тоа, Индија ја поддржа Русија кога врз неа се „сруши лавина“ од санкции. Русија го замени увозот на месо од западните држави со индиску увоз. И не само тоа, отсега сета трговија меѓу двете земји се одвива исклучително во националните валути (рубљи и рупии).
Како дополнување на сево ова, кон крајот на годината Русија и Индија склучија редица стратешки договори. Меѓу нив се најдоа договори за соработка во областа на драгоцените камења - Русија ќе испорачува драгоцени камења во Индија за дополнителна обработка; атомската енергетика - Русија ќе реализира проекти и ќе гради нуклеарни реактори во Индија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче