Во текот на 2015 година, која е прогласена за Година на книжевноста, во Русија ќе се одржат преку стотина различни манифестации. Според мислењето на министерот за култура на Русија Владимир Медински, „Годината на книжевноста ни дава можност да се замислиме како да го поддржиме интересот за читање“. Цел на оваа програма е зголемување на почитта кон делата на писателите, поетите и преведувачите, како и популаризација на светската книжевност во Русија и руската книжевност во светот.
![]() |
Пушкин, Гогољ и Ахматова симболи на 2015 |
Претседателот на Државната дума на Русија и претседателот на организацискиот комитет на Годината на книжевноста Сергеј Наришкин истакна дека меѓу задачите на оваа програма е и поддршка на изучувањето на рускиот јазик во светот.
По повод Годината на книжевноста во сите региони во Русија ќе бидат одржани манифестации - изложби, саеми, фестивали, конференции, конкурси и книжевни вечери. Владата на РФ за оваа цел издвои околу 300 милиони рубљи.
Меѓу манифестациите посевно внимание привлекува Саемот на книгата на Црвениот плоштад во Москва, кој треба да се одржи во јуни 2015 и на кој ќе бидат застапени издавачки куќи од сите региони на Руската Федерација. Тоа ќе биде отворена манифестација во рамките на која ќе се одржат бројни дискусии и презентации со цел да се насочи вниманието на јавноста кон книжевноста.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче