Руските ловци во 2015 ќе продолжат да го чуваат небото над Белорусија

Во 2014 година екипажите од двете земји извршиле 300 заеднички летови.

Руските ловци во 2015 година ќе продолжат да го чуваат небото над Белорусија и белоруските авиобази, изјави Олег Кочетков, претставник на Западниот воен округ.

Првите ловци започнаа со дежурство на аеродромот Барановичи во декември 2013. Вкупно 24 екипажи во 2014 година ги извршуваа своите задачи на небото над Белорусија.

„Ловците од Западниот воен округ ќе продолжат во 2015 година со борбеното дежурство и чување на границите на Сојузната држава меѓу Белорусија и Русија. Екипажите на ловците Су-27 од Западниот воен округ ќе вршат патролирање заедно со екипажите на МиГ-29 од ВВС на Белорусија“, изјави Кочетков.

Во 2014 година екипажите од двете земји извршиле 300 заеднички летови. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња