Медиуми: Штетата од санкциите против Русија ја чувствуваат и други земји

Главната особина на економските санкции на Западот против Русија се состои во тоа што штетата која истите ја предизвикуваат - не може да биде сосредоточена само во Русија, пишува порталот Sputnik.

Главната особина на економските санкции на Западот против Русија се состои во тоа што штетата која истите ја предизвикуваат - не може да биде сосредоточена само во Русија, пишува порталот Sputnik.

„Наскоро ударот против Русија ќе се рефлектира и на украинската и белоруската економија, како и на економијата на Европската унија. А економски ослабената економија на ЕУ ќе удри по економијата на САД“, забележува изданието.

Извршниот директор на Руско-британскаат трговска комора Тревор Бартон ги именува губитниците и добитниците од воведените санкции. Меѓу губитниците се наоѓаат европските банки, кои веќе не можат да профитираат со давање кредити на Русија, бидејќи со санкциите им се одзеде можноста на руските банки да земаат капитал од западните банки Блокирањето на кредитите за Русија ќе удри и по британските претприемачи кои имаат свој бизнис на рускиот пазар, забележува Бартон.

Американските фармери исто така ќе имаат штети, особено затоа што Русија е втор по големина трговски партнер на САД во сферата на производството на птичјо месо. Исто така, жртви од санкциите се и извозниците на овошје и зеленчук во Европа, бидејќи 10% од овој извоз досега одеше во Русија.

Како победници во оваа ситуација Бартон ги именува компаниите кои не се исплашиле од новонастанатата ситуација и продолжиле да работат во Русија. Белорусија доби многу во областа на извоз на кашкавал, бидејќи таа е четврта држава во светот според обемот на извоз на овој продукт, заменувајќи го на тој начин францускиот кашкавал. Освен тоа, победник е и Ерменија, која сега многу послободно може да го извезува своето овошје и зеленчук во Русија.  Истото важи и за српските фармери, кои сѐ почесто извезуваат производи од месната индустрија во Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња