![]() |
Путин: За економијата, политиката и кризата во Украина |
Економските санкции на ЕУ и САД, кои беа воведени против Русија во текот на минатата година, ја побудија Москва да донесе контрамерки и да започне да ја користи националната валута во трговијата со Кина, изјави американскиот економист, постар научен соработник во Институтот Лудвиг фон Мизес во Аламаба, Мајк Торнтон.
„Државите како Русија, Кина и Бразил не се однесуваат позитивно кон фактот дека САД имаат монопол во сферата на меѓународните трговски договори, каде американскиот долар се користи како валута во меѓусебната трговија меѓу државите“, смета Торнтон.
Тој забележа дека на фонот на западните санкции против Русија, оваа земја потпиша договори со Кина и неколку други држави за користење на националните валути во меѓусебната трговија. „И тоа е сосема предвидливо и очекувано“, додаде Торнтон.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче