Србија ги плати првите 100 милиони долари на Русија за долгот за гас

Вкупниот долг на Србија кон Русија изнесува 224 милиони долари.

Србија ѝ ги плати на Русија првите 100 милиони долари од долгот за природниот гас кој се испорачува во земјата, пренесе српскиот национален канал РТС, повикувајќи се на информација од администрацијата на премиерот Александар Вучиќ.

Вкупниот долг на Србија кон Русија изнесува 224 милиони долари. Исплатата на втората транша се очекува до крајот на 2015 година.

Во 2014 година Русија ја намали испораката на гас во Србија за 28% поради долгови. На 11 ноември српскиот министер за енергетика Александар Антиќ изјави дека испораките на природен гас во Србија се нормализирани, а рокот за отплаќање на долгот е договорен со руската страна. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња