Руска компанија се пријави за создавање база на Месечината

Руската компанија „Лин Индастриал“ (резидент во „Сколково“) е подготвена да создаде база на Месечината за 550 милијарди рубљи.

Руската компанија „Лин Индастриал“ (резидент во „Сколково“) е подготвена да создаде база на Месечината за 550 милијарди рубљи, додека во исто време Роскосмос и Руската академија на науки се подготвени да изделат од буџетот до 2025 година 2 трилиона рубљи.

„Цената за создавање база на Месечината за двајца космонаути во првата етапа, и за четворица космонаути во втората етапа, според првоначалната процена, ќе изнесува 550 милијарди рубљи“, изјави за новинарите генералниот конструктор на компанијата Александар Илин.

Проектот, според него, предвидува искористување на веќе постојната технологија и средства, како и оние технолошки средства кои ќе бидат создадени во следните пет години.

Според Илин, како ракета-носач може да се искористи модернизираната ракета-носач „Ангара-А5“, како и бродот кој веќе испорачува товар на Меѓународната вселенска станица. Модулот за спуштање на Месечината ќе биде изработен врз основа на веќе постојниот забрзувачки блок „Фрегат“.

За изградба на базата на Месечината, според компанијата „Лин Индастриал“, потребни ќе бидат 13 лансирања на „Ангара-А5“, а во првите пет години од постоењето на базата, потребни ќе бидат 37 лансирања за да се обезбеди нормално функционирање на базата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња