Претседателот на Русија Владимир Путин во поздравните говори до претседателите на Кина, ЈАР и Кореја ја потврди подготвеноста за проширување на билатералните врски, како и плановите на Русија за време на претседателствувањето во БРИКС, пренесува прес-службата на Кремљ.
БРИКС основа свој монетарен фонд |
Русија во 2015 година ќе претседателствува со БРИКС, а одржувањето на самит е планирано уште во текот на летово во рускиот град Уфа.
Обраќајќи се до шефот на Јужноафриканската република Џејкоб Зума, рускиот лидер забележа дека во 2014 година стратешкото партнерство меѓу Русија и ЈАР забележително се зацврсна. „Голема улога во тој процес одиграа преговорите меѓу лидерите во Форталеза и Москва, кои дадоа значителен импулс во развојот на билатералната соработка во многу области. Претседателот на Русија подвлече дека за време на претседателствувањето со БРИКС, Русија ќе работи на зголемување на улогата на овој сојуз на светската срена“, се пренесува во информацијата за медиумите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче