Претседателот на Русија Владимир Путин во новогодишното обраќање до лидерот на Кинеската Народна Република Си Ѓинпинг ја потврди подготвеноста за продолжување на активната и продуктивна работа околу реализацијата на стратешките билатерални проекти, пренесе прес-службата на Кремљ.
Во обраќањето до претседателот на Кина, Путин забележа дека во минатата година динамично се развивале руско-кинеските односи на сите нивоа.
„Претседателот на Русија изрази увереност дека во 2015 година ќе се отворат нови можности за развивање на врските меѓу Руската Федерација и Кинеската Народна Република во различни правци, ја потврди подготвеноста за продолжување на продуктивната заедничка работа околу реализацијата на стратешките билатерални проекти и решавање на прашањата кои се однесуваат на регионалните и глобалните проблеми“, се кажува во соопштение на прес-службата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче