Новогодишно обраќање на Путин: годината ќе биде таква, каква што ќе ја направиме

Први Новата година во Русија ја дочекаа жителите на Далечниот Исток.

Претседателот на Русија Владимир Путин во новогодишното обраќање до руската нација изјави дека ефективноста на решавањето на задачите во земјата зависи од секој жител на Русија.

Први Новата година во Русија ја дочекаа жителите на Далечниот Исток.

„Во оваа година треба да решаваме многу задачи, па затоа годината ќе биде таква каква што самите ќе ја направиме. Сѐ ќе зависи од тоа колку ефективно, творечки и со резултати ќе се труди секој од нас. Други рецепти не постојат. Треба да реализираме сѐ што планираме - заради себе, заради нашите деца, заради Русија“, изјави Путин во пораката до нацијата.

„Пријатели! Новата година е на прагот. Време е да ја пречекаме и да ги кажеме најтоплите зборови на своите најблиски. Да им кажеме благодарам за вниманието, трпението и грижата. Што повеќе добрина и убавина има, толку посамоуверени и посилни ќе бидеме, а тоа значи дека ќе успееме да оствариме сѐ“, додаде претседателот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња