Властите на Крим не очекуваат западни инвестиции

Властите на Крим во блиска иднина не очекуваат доаѓање на западни инвеститори на полуостровот.

Властите на Крим во блиска иднина не очекуваат доаѓање на западни инвеститори на полуостровот. Ова во интервју за „Газета.ру“ го изјави советникот за инвестиции и меѓународна политика во Министерството за Крим Вадим Третјаков.

Зошто Крим е дел од Русија?

„Додека не бидат симнати санкциите, дури ни Мекдоналдс нема да се отвори на Крим. Но присуството на големи компании на полуостровот на е исклучено. Само тие компании нема да работат под истите имиња, туку под други“, изјави тој.

Третјаков изјави дека во моментов властите на Крим започнаа со создавање деловни врски со арапските држави.

„Инвеститорите од тој регион инвестираат во туристичкиот сектор. Саудиска Арабија, пак, инвестира во земјоделието, под услов сето производство веднаш да замине кај нив“, изјави тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња