Склучен е договор за испорака на електрична енергија од Русија во Украина

Договорот е склучен по налог на претседателот на Русија Владимир Путин, напиша претседателот на Република Крим Сергеј Аксјонов на својата Фејсбук страница.

Компаниите „Интер РАО“ и „Укринтеренерго“ потпишаа договор за извоз на електрична енергија од Русија во Украина, соопшти Министерството за енергетика на Русија, а пренесува порталот „Взглјад“.

„Договорот ќе стапи на сила на 30 декември 2014 и со него се предвидува рамномерна испорака до 1,5 илјади MW електрична енергија. Освен тоа, со цел Крим стабилно да биде снабдуван со електрична енергија, склучен е дополнителен договор кој ќе го регулира тоа прашање“, истакна министерот за енергетика на Русија Александар Новак, а пренесува РИА Новости.

Договорот е склучен по налог на претседателот на Русија Владимир Путин, напиша претседателот на Република Крим Сергеј Аксјонов на својата Фејсбук страница. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња