Русија во 2014 година го задржа првото место во светот по количеството на лансирања ракети во вселената. За прв пат по распадот на Советскиот Сојуз од сите руски космодроми беа лансирани 38 ракети, изјави за РИА Новости претставник на Роскосмос.
„Главно достигнување годинава може да се смета лансирањето на првите ракети-носачи од семејството ‘Ангара’, кои се создаваат уште од 90-те години на ХХ век. Специјалистите на во вселенската индустрија и министерството за одбрана на Русија успешно ги тестираа ракетите носачи од лесна и тешка класа ‘Ангара-1.2’ и ‘Ангара-А5’“, забележа соработникот во Роскосмос.
Во 2014 година Руската Федерација лансираше рекорден број вселенски апарати – 80. Од нив 31 апарат за државни потреби, 5 комерцијални и 44 мали вселенски апарати.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче