Пушков: Јацењук се гордее поради намалувањето на трговијата со Русија

Во вторникот на 30 декември украинскиот премиер Арсениј Јацењук изјави дека Русија наскоро ќе ја снема од првите места во трговијата со Украина.

Претседателот на комитетот во Државната дума за меѓународни односи Алексеј Пушков ја коментираше изјавата на премиерот на Украина Арсениј Јацењук за намалувањето на трговијата со Русија. Според него, украинскиот политичар се гордее поради тој факт.

„Јацењук го претставува намалувањето на трговската размена со Русија како гордост. Јасно е дека тој нема со што да се гордее, па тоа го претставува како ‘достигнување’“, напиша Пушков на својот Твитер.

Во вторникот на 30 декември украинскиот премиер Арсениј Јацењук изјави дека Русија наскоро ќе ја снема од првите места во трговијата со Украина.

„Забележавме 50% пад во трговијата со Русија. Фактички наскоро Русија нема да биде во првите места меѓу трговските партнери на Украина“, изјави тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња