Поранешниот претседател на СССР Михаил Горбачов изјави дека годинава светот бил на работа на голема катастрофа, пренесува „Интерфакс“.
![]() |
На Русија ѝ се заканува студена војна без правила |
Тој изјави дека ова не се однесува само на односите меѓу Русија и Украина, Русија и Европската унија, туку и за случувањата во светската политика.
Горбачов смета дека постоела шанса да се спречи кризата во Украина.
„За да се случеше тоа, политичките раководители требаше да посакаат да се најде механизам за преговори, координација за да се создаде внатрешен ‘триаголник’ Русија – Украина – ЕУ, со земање предвид на позициите на секоја држава. За жал, тоа не беше направено“, додаде Горбачов.
Освен тоа, Горбачов смета дека западните лидери „треба да престанат со обидите за зачленување на Украина во НАТО“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче