Официјалниот претставник на Воздушно-десантните единици (ВДВ) на Русија Евгениј Мешков изјави дека ВДВ добиле годинава повеќе од 400 единици нова и модернизирана техника и вооружување.
„Вкупно во 2014 година ВДВ добија 200 единици модернизирани десантни борбени машини од втората генерација и повеќе од 10 оклопни транспортери со гасеници“, ги пренесува ТАСС зборовите на Мешков.
Мешков подвлече дека модернизираните машини имаат подобри телекомуникациски технологии и оружје.
Освен тоа, во ВДВ се појавиле и 30 амфибии, како и повеќе од 20 оклопни транспортери БТР-82АМ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче