Претседателот на Венецуела смета дека САД водат нафтена војна против Русија

Исто така Мадуро додаде дека неговата држава е подготвена да се бори во овој конфликт.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави дека САД водат нафтена војна против Русија и Венецуела, пишува Globovision.

Одлуката на ОПЕК влијаеше на руската економија

„Пред нашите во тек е глобална нафтена војна, чија цел е уништување на Русија“, изјави Мадуро.

Исто така Мадуро додаде дека неговата држава е подготвена да се бори во овој конфликт. 

Шефот на комитетот за меѓународни односи во Државната Дума Дмитриј Пушков изјави дека Барак Обама дал до знаење дека наглото паѓање на цената на нафтата е дело на администрацијата на САД.

„Во интервју за NPR Обама даде до знаење дека имено неговата администрација стои за наглиот пад на цените на нафтата со цел да се удри Русија таму каде е најслаба“, напиша Пушков.

Светските цени на нафтата од летото до сега паднаа двојно.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија