Околу 200.000 туристи ќе ја пречекаат Новата година на Крим

Новата година ќе ја пречекаат околу 200.000 туристи на Крим, соопшти во Симферопољ министерката за туризам на републиката Елена Јурченко.

Новата година ќе ја пречекаат околу 200.000 туристи на Крим, соопшти во Симферопољ министерката за туризам на републиката Елена Јурченко.

„Околу 200.000 туристи ќе одморат на Крим за време на новогодишните празници“, изјави Јурченко.

 Министерската забележа дека ситуацијата со железничкиот и автобускиот сообраќај меѓу Украина и Крим нема да влијае на одморот на туристите на Крим. Според податоците на министерството, мнозинството туристи од Русија и другите земји планираат да дојдат на Крим со авиони.

Авиобилети кон Крим за декември и јануари речиси и да нема – останато во продажба има само билети во бизнис-класата. Летови кон Крим од Русија има од Москва, Санкт Петербург, Екатеринбург, Воронеж, Ростов на Дон, Краснодар, Грозни и Тјумењ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија