Керон: балансот на силите во светот во 2014 година конечно е променет

Балансот на силите на светската политичка и економска арена конечно се примени во текот на годината која одминува.

Балансот на силите на светската политичка и економска арена конечно се примени во текот на годината која одминува. Така, на пример, САД сѐ почесто ја губат својата „исклучителност“ во светот, додека Русија станува сѐ понезависна од западните финансиски институти, пишува новинарот Тони Керон во статија за The National.

САД веќе изјавија за неуспешната политика на санкции против Куба, како и за возобновувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, што доби поддршка од страна на Латинска Америка. Притоа, државите од Јужна Америка сега активно соработуваат со Кина и земаат учество во големи проекти, што дозволува да се смета дека тие повеќе не се „под капата“ на САД, забележува Тони Керон.

Освен тоа, во 2014 година лесно можеше да се забележи дека влијанието на Вашингтон отсуствува на Блискиот Исток. Исто така, САД претрпеа пораз во обидите да ги примират Израел и Палестина, како и во напорите да ги стабилизираат односите со Иран.

Конфликти од различни димензии ја потресоа 2014, пишува Керон. За тоа сведочи судирот меѓу Русија и НАТО околу украинската криза и традиционално силната реторика која си ја упатуваат еден кон друг. Многумина во Вашингтон веќе ова го сметаат за почеток на „нова студена војна“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња