Караваев: Италијанската економија ќе доживее пад доколку дојде до целосна забрана на извозот во Русија

Италијанскиот БДП ќе се намали за 9,5 милијарди евра за една година доколку дојде до целосна забрана за извозот на производи во Русија, изјави во интервју за РИА Новости трговскиот претставник на Русија во Италија Игор Караваев.

Италијанскиот БДП ќе се намали за 9,5 милијарди евра за една година доколку дојде до целосна забрана за извозот на производи во Русија, изјави во интервју за РИА Новости трговскиот претставник на Русија во Италија Игор Караваев.

Доколку дојде до реализација на тоа сценарио, во Италија работата ќе ја изгубат 105.000 лица, се кажува во истражувањето спроведено од Миланскиот универзитет.

Специјалистите од Миланскиот универзитет разгледаа три сценарија за можен развој на случувањата. Според првиот се предвидува продолжување на постојното руско ембарго за одредени видови земјоделски производи. Второто сценарио предвидува дека забраната ќе биде проширена и ќе опфати и други производи како текстил, облека, обувки и високотехнолошки стоки. Третото и најпесимистично сценарио предвидува целосна забрана на италијанскиот извоз во Русија. Според првото сценарио економијата на Италија ќе изгуби 150 милиони евра и 2.500 работни места. Според второто – економијата ќе изгуби 2,3 милијарди евра, а без работа ќе останат 34.000 Италијанци.

Коментирајќи го ова истражување, Караваев подвлече дека односот на деловните кругови во Италија кон антируските санкции на ЕУ е „крајно негативен“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.