„Гаспром“ откупи дел од компаниите-партнери во проектот „Јужен тек“

Претседателот на РФ Владимир Путин изјави дека „Русија нема да го реализира проектот ‘Јужен тек’. Изјавата ја даде за време на руско-турските преговори на највисоко ниво.

„Гаспром“ стана сопственик на 100% од акциите на компанијата South Stream Transport B.V., оператор во проектот за изградба на морскиот дел од гасоводот „Јужен тек“. Ова го пренесува ТАСС, повикувајќи се на соопштение од „Гаспром“.

Италијанската компанија Eni, германската Wintershall и француската EDF донесоа решение за повлекување од проектот поради несигурноста во неговата иднина и реализација. До моментот на зделката „Гаспром“ беше сопственик на 50% од акциите на компанијата South Stream Transport B.V.

Компанијата Stream B.V. беше создадена како оператор од проектот за изградба на морскиот дел од гасоводот „Јужен тек“ од рускиот град Анапа до бугарскиот град Варна.

„Поради тоа што не е јасно дали ќе се добие дозвола за ‘Јужен тек’, а економските последици од одолговлекувањето на неговата реализација на неодредено време се големи, учесниците донесоа решение за затворање на проектот“, коментираше претставник на Wintershall.

Претседателот на РФ Владимир Путин изјави дека „Русија нема да го реализира проектот ‘Јужен тек’. Изјавата ја даде за време на руско-турските преговори на највисоко ниво. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња